Струен удар е причината за несреќата во Илинден: Девојчето се качило на цистерната за да сними видео!

by Фокус

Струен удар е причина за згаснување на животот на 14 годишното девојче во Илинден.

На кобната вечер, девојчето не било само на пругите покрај вагоните, туку со уште двајца малолетници.

Девојчето одлучило да се качи над вагонот. Неофицијално, девојчето се качило на цистерната за да снима видео за Тик-Ток.

Очевидци велат дека сликата била стравична. Се слушнал силен звук, а потоа се гледало како девојката гори.

Причините за несреќата ги истражува обвинителството. Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.

На случајот работи и МВР. Полицијата апелира родителите да внимаваат на своите деца и да не им дозволуваат ниту да се движат во опасни предели.

Ова е втора ваква несреќа за кратко време. Пред три месеци, на железничката во скопско Маџари од струен удар беше тешко повредена 17 годишна девојка, која исто така се качила на вагон.

Поврзани новости