Стразбур пресуди во полза на лустрираниот Ивановски

by Фокус

Во денешната објавена пресуда на Европскиот суд за човекови права се утврдува дека во случајот на лустрираниот судија Ивановски постои повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пренесе порталот Академик.

Трендафил Ивановски до Европскиот суд за човекови права се жалел дека лустрациските постапки не биле фер и дека му биле нарушени неговиот углед и достоинство.

Понатаму, Ивановски се жалел дека во постапките немало еднаквост на оружјата, немал доволно време да ги  подготви аргументите, како  и  дека не му бил овозможен пристап до досиејата.

Во однос на наводите на Ивановски, Европскиот суд за човекови права смета дека постоела повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пресудувајќи дека лустрациските постапки не биле фер и дека му било нарушен угледот и достоинството на Ивановски. Според пресудата, државата на Ивановски треба да му исплати отштета од 5, 350 евра.

-Не ми е битна паричната надокнада туку ми е битно дека случајот е добиен и дека една неправда е исправена. Важно е дека по 5,5 години една борба е завршена и како Давид успеав да го совладам Голијат. Врвот на шилото, како што рече премиерот Груевски еве сега излезе на виделина дека мене образот ми е чист, а дали нему му е чист ќе видиме,  изјавил Ивановски за НОВА.

Поврзани новости