Стразбур ги објави екс функционерите кои се „крстат“ во аболицијата на Иванов

by fokus

Судот во Стразбур објави дека 10 поранешни функционери, поделени во две групи, ја тужат државата, користејќи ја спорната аболиција на екс претседателот Ѓорге Иванов.

Во првата се Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски, Тони Јакимовски. Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни и правен застапник на сите.

Објавени се прашањата од судот што треба да ги одговори државата меѓу кои „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза и не е донесена одлука, како што објавија одредени медиуми.

Поврзани новости