Стотици мигранти од кампот во Солун се обидуваат да влезат во Македонија

by fokus 11:46
11:46

Со употеба на солзавец полицијата се обидува да спречи стотици мигранти кои утринава го напуштија бегалскиот камп во Солун и се упатија кон границата со Македонија. Полициски службеници се обидуваат да ги присилат мигрантите да се вратат во кампот. Во близина на границата се поставени и шатори каде се населиле мигрантите, информираат грчките медиумите.

Како што пренесуваат медиумите меѓу нив има и мајки со деца. Тие бараат да им се дозволи да ја преминат границата, за да го продолжат својот пат кон Германија. Мигрантите фрлаат со камења кон полицајците и се обидуваат да го пробијат кордонот, додека полицијата возвраќа со солзавец и шок бомби.

- Advertisements -

Мигрантите рекле дека одговараат на анонимен повик на социјалните мрежи да стигнат до грчката граница со Македонија, оддалечена 60 километри, и да се обидат да ја пробијат оваа граница, а потоа повторно да тргнат по мигрантската балканска рута, која беше цврсто затворена во 2016 година.

Иако канцеларијата на ОН за бегалци предупреди на опасност и ризик при нерегуларно преминување на границите, мигрантите велат дека сакаат да си ја пробаат среќата.

„Се соочуваме со многу проблеми во Грција. Тие ни даваат многу малку пари. Ние немаме иднина во Грција. Моето сослушување за азил е закажано за 2021 година. Ќе се обидеме да ги убедиме да ни дозволат да тргнеме во Европа“, вели 35-годишниот Ираки Курд Дарја Вус за Асошиејтед прес.

Повеќе од 70.000 баратели на азил се заглавени во Грција по затворањето на границите во 2016 година и договорот меѓу Европската Унија и Турција, со намера да се запрат миграциските бранови.

Фото: Асошиејтед прес

Поврзани новости