Стопирана работата на автопатот Кичево- Охрид

by fokus 12:53
12:53
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево е запрена. Сликата од терен сведочи дека на неколку делови од автопатот  воопшто не се вршат градежни активности, јавува 24 Вести.
Според телевизијата машините стојат во место, а градежниот материјал сè уште неискористен. Процесот стопиран, а само осум месеци нè делат од големите ветувања дека 57 километарската автопатска делница вредна 374 милиони евра ќе биде готова до јануари 2018-та година.
Ако за три години се асфалтирале само 6 км, колку е возможно останатите 50 да се асфалтираат за неполни осум месеци, прашуваат граѓаните. Сигурни се дека изградбата ќе доцни и тоа не една, туку неколку години.
Автопатот го гради кинеската компанија Синохидро која стартуваше во февруари 2014-та а за која СЈО неодамна  ја отвори истрагата „Траекторија“ под сомнение дека преку местени тендери во договор со високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги добила двата најголеми инфраструктурни проекти автопати Миладиновце-Штип и Охрид-Кичево со кои ја оштетиле државната каса за над 155 милиони евра.

Поврзани новости