Стопиран процесот на десоросоизација, затворени истрагите против невладиниот сектор

by fokus

Затворени се истрагите против невладините организации финансирани од Фондацијата отворено општество, кои беа отворени за време на претходната власт во процесот што го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како десоросоизација на општеството. При тоа надлежните органи не откриле никакви незаконитости во постапките на чешлање документација на кои беа подложени граѓански активисти од невладиниот сектор.

-По извршените анализи и консултации со основното обвинителство за гонење на организиран криминал, Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност заедно со Управата за финансова полиција одлучивме да ги затворивме овие истраги, затоа што нема никакви докази кои можат да ја потврдат основаноста на сомнението дека нешто е направено – изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој додаде дека е поднесена само една кривична пријава во Секторот за внатрешни работи Струмица, но дека станува збор за незначителна сума за прикривање на персонален данок.

Груевски го најави прогонот врз активистите во периодот по парламентарните избори минатата година во говорот даден пред Државната изборна комисија на протест на партиски приврзаници. Од тогаш, додека се уште со МВР раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Управата за јавни приходи и Финансова полиција влегоа во преку 20 невладините организации во потрага по индиции за некаков криминал.

Поврзани новости