„Стоп операција Сорос” бара од САД ревизија на работата на УСАИД Македонија

by fokus

Стоп Операција Сорос“ ќе побара од Стејт департментот, Конгресот и Сенатот на САД да се изврши ревизија за работата на УСАИД во Македонија во последните четири години.

Тие веруваат има значително политизирање и злоупотреба на еден дел од финансиската помош која САД и ја укажуваат на Македонија преку УСАИД.

– Во декември 2012 година во Македонија започна да се креира кризата со блокирањето на Парламентот од страна на СДСМ кога требаше да биде донесен буџетот на Република Македонија по што следеше и напад на Собранието од страна на СДСМ. Оваа склучена соработка помеѓу УСАИД и СОРОС заврши на 31 август 2016 година, или поточно, во периодот кога завршија протестите на т.н. „Шарена револуција“. Оттука произлегува прашањето, дали соработката помеѓу УСАИД и СОРОС беше наменска и злоупотребена со цел да се создаде длабока политичка и безбедносна криза во Република Македонија?, изјави денеска Никола Србов од Движењето „Стоп операција Сорос“.

Тој додаде дека новата администрација на САД треба да знае дека во изминатиот период преку УСАИД била поддржувана СДСМ со што директно се делувало политички во Македонија.

Поврзани новости