Столтенберг во октомври се повлекува од функцијата шеф на НАТО

by Fokus

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску денеска изјави дека генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ќе се повлече од чело на оваа организација во октомври, кога ќе му истече мандатот.

Таа на тој начин ги демантираше наводите на германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ дека Столтенберг ќе остане на чело на НАТО и по октомври поради стабилноста на Северноатлантската алијанса.

„Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен три пати, а тој беше на оваа функција вкупно девет години“, изјави Лунгеску и изјави дека Столтенберг „нема намера да бара уште едно продолжување на мандатот“, пренесe Ројтерс.

Поврзани новости