Столтенберг кон Бајден: Се радувам на блиската соработка

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска го поздрави изборот на Џо Бајден за нов претседател на САД, наведувајќи дека Бајден го знае „како силен претставник на НАТО и трансатлантските односи“.

Столтенберг во изјавата истакнува дека американското лидерство е важно во непредвидливиот свет.

– Се радувам на блиската соработка со новоизбраниот претседател Бајден, новоизбраната потпретседателка Камала Харис и новата администрација, на понатамошното зајакнување на врските меѓу Северна Америка и Европа, подвлече генералниот секретар на НАТО.

Поврзани новости