Столтенберг: Изјавите на рускиот амбасадор се покажување сила

by fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел вели дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата и дека изјавите на рускиот амбасадор во Македонија се покажување сила.

-Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијаниа каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што НАТО се залага. Прво мислам дека е важно правото на секоја нација да одлучи за сопствениот пат и безбедносни договори, ова е фунадаментален принцип за НАТО, изјави Столтенберг.

Поврзани новости