Стојановска: Власта само месецов објави над 50 огласи за вработување во администрацијата

by Фокус

Власта на Зоран Заев спроведува предизборна корупција на гласачите преку партизација на администрација на секое ниво, обвини Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од почетокот на месецот објавени се 52 огласи за работа во институциите и на централно и на локално ниво, без прецизирање на бројот на луѓе кои се бараат, а десетици други барања продолжуваат да пристигнуваат во надлежните органи. Ова ли е „намалувањето на администрацијата“ кое го ветуваа и на кое работат? Во исто време кога се закануваат со откази на искусни кадри, се вработуваат илјадници роднини и партиски активисти со средства наменети за капитални инвестиции – рече Стојановска.

Поврзани новости