Стојановска: Договорот со Бугарија дава можност да се преговара и за јазикот

by Фокус

Уште на самиот почеток кога Зоран Заев ја доби власта во 2017 година, прв чин беше потпишувањето на Договорот со Бугарија, кој отвори голем број на проблеми, вели пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, договорот остава можност за да се преговара за македонскиот јазик, историја и малцинство.

-Се испостави дека не Грција, туку источниот сосед Бугарија ја блокира Македонија на патот кон Европската унија, а зашто, заради тоа што договорот кој што се потпиша беше таков, односно даваше можност тој договор да се преговара за историјата, да се преговара за јазикот, да се преговара за македонскиот народ, за македонското малцинство во Бугарија – истакна Стојановска.

Таа додаде дека власта и пратениците бегаат од одговор и соочување со опозицијата.

-Најмногу не загрижува бидејќи нема никаков одговор, власта не доаѓа во парламентот, пратениците од власта не сакаат да разговараат на оваа тема што значи дека кога нешто се крие од народот тоа е многу загрижувачки, а го гледаме и однесувањето на власта, и затоа сметам дека одговорноста не само што ја имаат туку треба под итно да си поднесат оставка – порача Стојаноска.

Поврзани новости