Стојаноска со стих од Тоше до Ковачевски: Не кажа збор, молкот е одговор!

by Fokus

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска од собраниската седница за реконструкција на Владата, упати критики кон премиерот Димитар Ковачевски. Исто така, не беше поштеден и министерот за здравство, Беким Сали.

„Ќе го цитирам нашиот Тоше Проески. Не кажа збор, молкот е одговор. Отсуството на премиерот е одговор дека овде нешто не штима. Овде се избираат нови членови во неговата Влада. Ќе кажам дека една година беше малку да се сработи многу, но една година е многу за да не се сработи ништо. Само ќе кажам дека е срамота што министерот за здравство, Беким Сали го остава јавниот здравствен сектор без примена плата за јануари“, рече Стојаноска.

Поврзани новости