Јас не верувам дека конфликтот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е однапред подготвено сценарио, изјави вчера лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов во гостувањето на „24 вести“.
– Имам информација дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договорени претседателот на Собранието да биде од редовите на ДУИ. Тоа е нивниот договор. Доколку сега ВМРО-ДПМНЕ не освои 63 пратеници , тогаш ќе викаат дека ние помалите партии сме виновни бидејќи сме им одзеле гласови. И така тие би биле „приморани“ да им го дадат претседателското место. Нека бидат искрени и нека кажат јавно нека го стават, само се надевам да не постават некој од командатите од ОНА – изјави Ангелов вчера на емисијата „Студио 24“.