Стојанче Ангелов: Режимот на Груевски тужи воени инвалиди, а амнестира учки

by fokus

Чест ќе ми биде да соработувам со премиерот во чие време најдобро се живееше и со министерот кој ни остави целосно одврзани раце во одбраната на Македонија, рече лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, денеска во Скопје на промоција на Коалицијата ВМРО за Македонија во која против режимот на Груевски, како што беше речено, освен Достоинство,  ќе се борат и партијата на Љубчо Георгиевски и на Љубе Бошкоски.

Ангелов потсети на амнестирањето на Хашките случаи и на поставувањето, на како што додаде, командандантот на УЧК, Талат Џафери за министер за одбрана.

„Заедно со нив ќе го срушиме режимот на Никола Груевски кој се дрзна да ги тужи воените инвалиди и загинатите бранители, а ги амнестираше припадниците на УЧК“, порача Ангелов.

Поврзани новости