Стоилковски: Зошто мајката на Костадинов ги туркала семејните фирми во стечај?

by Фокус

Мајката на пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, која неодамна беше вработена во струмичкиот централен регистар, поседувала неколку компании кои паднале во стечај, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Зошто од регистарот во 2013 година е избришана фирмата ФАНИ ЕКСТРА ДООЕЛ Увоз Извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци? Зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата ФАНИ ЛОГИСТИК ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е се уште во постапка за бришење? Зошто е поведена стечајна постапка и бришењето на ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, уште една семејна компанија на Костадинови? Зошто е поведена стечајна постапка и е избришана од трговскиот регистар ИНТЕР МЕТАЛ МЕТН ДООЕЛ Струмица, уште една од низата семејни компании на Костадинови, чиј што сопственик и управител најчесто е Фанија Костадинова, мајка на партискиот портпарол, поранешен ВД градоначалник на Струмица, поранешен Советник во општината, а сега пратеник во Собранието на РМ и портпарол на СДСМ? – праша Стоилковски.

Според него, ова отвора сомнежи и остава место за прашање дали имало можност за намерно туркање во стечај со цел остварување на лична добивка.

Поврзани новости