Стоилковски се извини за објавата за министерката Ангеловска

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски по реакциите дека неговата објава во врска со министерката за финансии Нина Ангеловска бил сексистички денеска на Фејсбук упати извинување доколку со тој пост навредил нечии чувства.

-Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: Изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства. Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумите, вели Стоилковски во извинувањето.

Поврзани новости