Стоилковски: Наумовски мислеше на облакодери наместо на амбуланта

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров Адександар Наумовски дека своевремено ветил нов објект кај старата амбуланта во Дексион, но не го исполнил ова предизборно ветување.

-На местото на овој објект стар преку 50 години, Наумоски и цело СДСМ ветија и излажаа за нова амбуланта, голем објект, мултифункционален со многу содржини. Потпишуваа меморандуми Наумоски, заедно со пајташите Мила Царовска и Венко Филипче. Меморандуми за нов објект, а тоа беше во 2018-тата година. Во 2019-тата година Наумоски пак вети градење нов објект. Во 2020-тата порачаа, да се ревидирал ДУП-от па ќе се градело „повеќенаменски комплекс“. И денеска на крајот на мандатот на Александар Наумоски по 4 години лаги, тој ќе си замине, СДСМ ќе си замине, а во Дексион ќе остане популарниот Чернобил – рече Стоилковски.

Наместо нова амбуланта, додаде тој, Наумовски брзал да донесе ДУП-ови и планови за згради во Дексион, ама не во реонот кај амбулантата.

-Брзаа за градење на облакодери спротивно на волјата на граѓаните на Ѓорче Петров и на Дексион. Брзаа за планови, за можен бенефит и за развој на урбаната градежна мафија. Овој Чернобил зад мене може да почека, Наумоски и СДСМ имаат друга агенда! И сега повторно ќе лажат, предизборно можеби ќе донесат од оние камионските приколки, монтажните модули, оние користени за корона кризата, фатени во лага за да ги претстават како решение, сега пред избори по четири години лага – истакна Стоилковски.

Поврзани новости