Стоилковски: Кој бегалец, откако е фатен завршува во куќен притвор и сам се шета пред медиуми

by fokus

Во која земја бегалец од правдата, откако е фатен завршува во куќен притвор? И сам се шета пред медиуми, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од пред седиштето на СДСМ.

-Ова укажува на можен договор меѓу Заев и Мијалков. Па затоа ли Заев за Милјаков озвозможува екстра услови и екстра третман. Ова е класичен циркус и исмејување на правната држава и владеењето на правото, но пред се потценување на интелегенцијата на јавноста. Системот за кој што самиот Оливер Спасовски говореше дека не функционира, всушност е нивната власт. Тоа е така затоа што власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот, рече Стоилковски.

Поврзани новости