Стоилковски: Дали бизнисмен бил рекетиран со материјали со малолетнички од безбедносните служби?

by Фокус

Низ медиумите и социјалните мрежи се шират информации дека доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани со цел да се уценува познат бизнисмен, изјави предмалку на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Пишува дека се злоупотребени информации коишто поврзуваат извесни активности на познат бизнисмен со малолетнички и дека тие информации се изнесени од безбедносни служби само и само во насока да биде изрекетиран бизнисменот којшто бил уловен во такви информации. Дали е точни информациите, тоа мора да го каже Вилма Русковска и обвинителството – рече Стоилковски.

Тој праша кои се блиските соработници на Зоран Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК и кои се неговите функционери што можеле да му ги достават на Боки 13?

-Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот! Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака, дали е тоа испратена од Зоран Заев? – праша Стоилковски.

Поврзани новости