Сто и осумдесет граѓани денеска се вратија во земјава со хуманитарен лет од Германија

by Фокус

Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон, со што бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

„На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство“, стои во официјалното соопштение.

Поврзани новости