Сто дваесет и шест сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

by Fokus

На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28, седум за возење без возачка дозвола, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 прекршоци што ги чинат пешаците, три санкции за некористење сигурносен појас и 37 мерки за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.

Министерството нагласува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани новости