Стипе Месиќ: Политичката елита во Македонија мора да ја реши кризата

by Фокус 19:22
19:22

-Тоа што се случува во Македонија со политичката криза не е случај само за Македонија. Такви прашања има во сите земји и тоа се прашања што мора да ги решат самите политичари. Политичката елита во Македонија треба да ја реши оваа ситуација, зашто таа ситуација премногу ја оптоварува не само Македонија туку и Европа, изјави денеска поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, при неговата посета на општина Тетово.

Тој ја искоментира и бегалската криза која ја зафати Европа, и посебно балканскиот регион, за која рече дека треба да се искорени таму каде што почнала.

- Advertisements -

-Проблемот треба да се реши со политички средства, а не со војн, и тоа таму каде што настанал, во земјите од Блискиот Исток. Бегалската криза нè изненади сите, го изненади светот. Особено тие што ја создадоа. Тие не ги зедоа предвид последиците. Најлесно беше да се урне Гадафи. Но, сега што имаме во Либија? Имаме пет племиња што војуваат меѓу себе, имаме две влади и една полиција која го чува аеродромот, изјави Месиќ.

Стипе Месиќ попладево се сретна со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, а на Државниот универзитет во Тетово ја промовираше авторската книга „Како се распадна Југославија“. Во книгата се содржани неговите размислувања за причините поради кои се распадна Сојузната Федеративна Република Југославија. Утре тој ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Гостивар, а ваква титула од Тетово доби пред три години.

Поврзани новости