СТИЛ Восочното лице на Милошоски

by Fokus

Модерните рамки за очила не го намалуваат ефектот од восочната боја на лицето на Антонио Милошоски. Политиката не е весела работа, ниту политичар е весела професија, но политичарот мора да има добронамерно лице, кога веќе се појавува пред граѓаните. Во спротивно, не се појавува. Книгата „Говорот на телото“ е напишана за такви како нашиот гореспоменат. Во еден дел, таа ја обработува насмевката и како се вежба од станување наутро до легнување навечер. Затоа професијата политичар е тешка, затоа што во секој момент треба да се покажува израз на лицето и комплетен впечаток каков што диктира ситуацијата. Вкочанетиот израз и восочниот тен не соодветствуваат со ниту една ситуација. Ваквиот наш политичар е АУТ во секоја смисла. Затоа му ја препорачуваме за читање книгата на Веинрајт, страница еден, глава 3: Изразите на лицето со посебен акцент на практичната вежба, смејте се по секоја цена!

Многу работи може да се кажат со лицето. Она што Милошоски ни го пренесува со лицето не е ништо друго, освен стрес, тензија, згрченост и лоша енергија.

Насмевката се вежба пред огледало. Тоа е една обична гримаса, која на крајот ќе ја присвои како природна.

Вреди да се обиде.

О.Д.

Поврзани новости