Стигнаа нови 11.700 дози од „Фајзер”

by fokus

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер”, соопшти на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.

-Од нив, 7020 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија. Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk, соопшти Филипче.

Претпладнево министерот соопшти дека во земјава се останати помалку од 5.000 вакцини за прва доза. Тој најави донации од 70 илјади вакцини од Бугарија и Грција од „АстраЗенека“ и голема количина од Кина.

Поврзани новости