Стигна Брза Помош во судот, лекари го прегледуваат Боки 13

by fokus 11:23
11:23

Во Кривичниот суд предмалку стигна екипа на Брза Помош, која во судница го прегледува обвинетиот Бојан Јовановски.

Тој се жалеше дека не е во состојба да го следи денешното рочиште, по што судијката Васка Николовска Масевска повика лекарска екипа.

- Advertising -

-Јовановски апсолутно не е во состојба да го прати денешното судско рочиште. Не контактибилен. Единствено ме извести дрка трпи ужасни болки во пределот на стомакот и му се дадени огромен број на седативи за спречување на болки. Да се изврши конзилијарно мислење и да не се посегнува по кршење на човековите права. Ве молам да го имате во предвид фактот дека обвинетиот не е во состојба да го прати рочиштето, рече адвокатот Сашо Дуковски.

По прегледот ќе биде познато дали Јовановски ќе може да присуствува на рочиштето.

В.В.

Поврзани новости