Стево Пендаровски ќе биде национален координатор на Македонија за НАТО

by fokus

На последната седница Владата донесе одлука да го именува пратеникот на СДСМ и поранешен претседателски кандидат, Стево Пендаровски, за национален координатор на Македонија за влез во НАТО, потврди тој за „Фокус“.

Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник во Собранието.

Со ова Владата настојува да ги врати позициите на Македонија во меѓународната заедница и да ги обнови шансите за прием на земјата во алијансата.

Македонија веќе еднаш имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата стана испразнета и во мирување по неуспехот на Македонија во Букурешт.

Поврзани новости