Стево Пендаровски: Издржавме десет години диктатура, имаме уште некој месец до слободата

by fokus 10:44
10:44

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ на претходните избори, во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека се наоѓаме во последната фаза на расплетот на политичката криза.

Ако Македонија можеше да издржи десет години мека диктатура, нема причина да не издржи уште некој месец за да дојдеме конечно до слободата, додава тој.

- Advertising -

„Јас знам дека ова е голема казна во однос на економскиот систем на државата, во однос на тоа што граѓаните очекуваат во еден нормален амбиент кога би се правел бизнисот, меѓутоа ние сме со години, за жал, во една вонредна состојба предизвикана од оваа влада која е генератор на сите проблеми во Македонија во изминатава декада. И не гледам дека тие можат поинаку да се однесуваат, и во вонредни околности, за жал, граѓаните ќе трпат. Јас би апелирал до сите, знам дека е тешко и знам дека многумина од нив размислуваат, ако продолжи оваа агонија, да се иселат од Македонија, наместо да чекаат некоја позитивна политичка промена, меѓутоа јас би апелирал до сите нив да причекаат, бидејќи по сите проценки, не само мои, се наоѓаме во последната фаза на расплетот на политичката криза“ – изјави Пендаровски.

Тој вели дека насилно решавање на кризата нема да има, туку институционално.

Поврзани новости