Стевче Јакимовски: Влеговме во владата за да видам колку доцни Груевски, па да го отпуштам!

by lali 14:38
14:38

Stevco (5)По речиси 15 години вечниот градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски призна зошто во 2014 година неговата партија ГРОМ влезе во владата на Никола Груевски и на ДУИ.

– Дали помните дека јас отуштив вработени во општината откако криејќи се во мојот автомобил на паркингот ги фатив дека доцнат? По истиот принцип го бутнав и Никола Груевски. Се направив наудрен и влегов во неговата влада со една, единствена цел – да видам колку доцни па после да го отпуштам.

Сите нешто зборуваа дека доцнел секогаш по половина час, ама јас тоа морав со свои очи да го видам и со свој часовник да го измерам. Значи, се криев во владата како коалициски партнер за да ја увидам вистината и мислам дека се уверивте, годинава тој си замина од власт и сето тоа е моја заслуга – поентираше Јакимовски и објасни дека на овој начин тој и неговиот соработник Драгиша Милетиќ оставиле свој препознатлив печат на македонската политичка сцена.

- Advertising -

disclaimer1

Поврзани новости