Стевче Јакимовски најави дека ГРОМ ќе го бојкотира референдумот за промена на името

by Fokus

„Секој патриот, секој чесен граѓанин, секој што држи до достоинството треба да им каже дека некои прашања не заслужуваат одговор, истакна Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ на денешниот протест против промената на името во Битола, пренесува Макфакс.

Тој најави дека неговата партија ќе го бојкотира најавениот референдум.

„Референдумското прашање не заслужува одговор и народот треба да си ја гледа работата. Зоран Заев и Никола Димитров немаа мандат да преговараат за име – ерга омнес, тие можеа да преговараат само за двојна формула. Ова што е направено е надвор од рамките на државниот концезус, што значи дека тие мора да одговараат пред институциите – додаде Јакимовски.

Поврзани новости