Стевановиќ: Пандемијата е далеку од завршување се додека има нови соеви

by fokus

 Постои можност за ширење од новиот сој на корона вирусот и далеку е од тоа дека светот може со сигурност да пресмета кога би бил и дали наскоро ќе се случи крајот на пандемијата. Се додека имаме нови соеви кои го зголемуваат бројот на новоинфицирани низ целиот свет, пандемијата уште е далеку од завршување. Со завршувањето на годишните одмори можноста за проширување на инфекцијата е голема.

Ова вечерва го истакна директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ во гостување на емисијата Трилинг на ТВ 24. Таа апелира сите граѓани кои сега одат на годишни одмори, ако не се вакцинирани, сериозно да внимаваат во смисла на дистанцата и користењето на тоа што значи лична заштита.

– Многу е значајно дека потребата од прегледи на Ковид суспектни пациенти имаме се помалку или практично веќе и да ги немаме и тоа укажува дека стабилноста на епидемиолошката состојба во пракса е токму таа, дека не осцилира вирус во голема количина на нашата територија, но со завршување на годишните одмори и можноста за комуницирање и инфицирање ќе се зголеми, секако за време на јули и август. Сите тие луѓе ќе дојдат дома. Можноста да ја прошират инфекцијата е секако голема. Оттука и моето објаснување дека се уште мораме да бидеме внимателни во смисла на заштитата, рече д-р Стевановиќ.

Посочи дека во овој момент не очекува нови рестриктивни мерки. Според неа, мерките ќе зависат од состојбата кај нас, меѓутоа и од состојбата која ќе ја диктира светот токму поради летниот период, токму поради тоа брзо и едноставно движење на луѓето низ државите.

Поврзани новости