Стевановиќ: Денеска 98 отсто од закажаните се појавиле на вакцинација

by fokus

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма сподели информација дека денеска 98 отсто од закажаните за вакцинирање дошле на вакцинација во Спортскиот центар Борис Трајковски.

-Јас изјавив дека немам никаков проблем да бидам вакцинирана со АстраЗенека. Не треба да си го дозвоилме лукзот на било какво пребирање на вакцините. Голем дел од здравствените работници се вакцинирани, сега се вакцинираат полицијата, војската. За ден-два ќе почне вакцинацијата на оние со хронични болести. Секаде во светот е лукзус да се пребираат вакцините.
За денеска имам информација дека денеска 98 отсто од закажаните на Мој термин дошле на вакцинација. Јас верувам во успешноста на овој процес. И морам да кажам дека после вакцинација мерките на заштита мора уште построго да се почитуваат. До примањето на следната доза може повторно да се заразите, исто така мора да помине периодот на создавање на имунитетот после втората доза, предупреди Стевановиќ.

Поврзани новости