Стевананџија му честита на Тевдовски за новото бебе и рече дека е веќе задолжено со 3.000 евра

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, му честиташе на министерот, Драган Тевдовски, за новиот член на семејството, неговата трета ќерка. На собраниската дебата за зголемување на акцизите, Стевананџија рече дека новороденчето е веќе задолжено со 3.000 евра.

-И посакувам здравје и успех на вашата фамилија, но во стилот на шарените функционери морам да посетам на нешто што претходно го има кажано Горан Мисовски, од НСДП, кој може и сега да не потсети, дека за волја на вистината, во овие шест месеци секое новороденче е задолжено уште повеќе, односно за 3.000 евра – рече Стевананџија упатувајќи на јавниот долг на државата.

Дебатата за поскапување на дизелот ќе трае и по 18 часот со што им се пролонгира работното време на пратениците. Предвидено е денеска да се расправа и за изборот на нов јавен обвинител.

Поврзани новости