Стерјовски се приклучи кон пратеничката група „Демократи”

by Fokus 14:33
14:33
Пратеникот од Македонска алијанса за европска и интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, стана дел од пратеничката група „Демократи“.
Во оваа пратеничка група се пратеници кои на последните избори биле на кандодатските листи на изборната коалиција на опозициската Демократска партија.
Тие ги пополнија местата на пратениците кои ги вратија мандатите во февруари по одлуката  на обединетата опозиција за тоа.
Пратеничката група брои 14 пратеници, а координатор е Рудина Хајдари, ќерка на еден од основачите на Демократската партија, Азем Хајдари, кој смртно беше застрелан во септември 1998 година пред седиштето на партијата.
– До сега бев дел од незвисната пратеничка група, во која се пратеници од Движењето за социјалистичка ингеграција и партии од изборната коалиција, каде дел бевме и ние како партија на изборите во 2017. Одлучив да бидам дел од пратеничката група „Демократи”, но и понатаму како пратеник од МАЕИ, изјави  за МИА,Стерјовски.
Тој во собраниската сала влезе во мај како прв пратеник од единствената македонска партија МАЕИ  и прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец.
Во неговите низа обраќања во законодавниот дом ја запозна јавноста со проблемите со кои се соочуваат Македонците во областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, но и во други делови на Албанија и побара од Владата и Парламентот поголемо внимание и ангжираност.

Поврзани новости