Стерјовски: Признавањето на бугарско малцинство во Албанија е геноцид врз Македонците

by fokus

Признавањето на бугарското малцинство во Албанија е геноцид врз Македонците во Албанија, изјави денеска Васил Стерјовски, секретар на партијата на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција.

-Во првичниот текст на предлог-законот за малцинствата во Албанија што го предложи владата немаше бугарско малцинство, но потоа под силен притисок на Софија во парламентот беше изгласан Законот за малцинствата во кој покрај македонското, грчкото, црногорското, српското, влашкото, ромското и египќанското беше додадено и бугарското малцинство, се вели во реакцијата на македонското здружение „Илинден“ во Тирана.

Поврзани новости