Стејт департментот со пофални зборови за инвестициите на Владата во Македонија

by Fokus

Новата влада, утврдена од Парламентот во август 2020 година, презема мерки за подобрување на инвестициската клима во Македонија.

Министрите без портфолио кои претходно ја споделуваа одговорноста за привлекување странски директни инвестиции беа отпуштени и сега ова е координирано од канцеларијата на заменик министерот за економија, така што процесот е поедноставен. Во напорите да се справи со корупцијата, државната Комисија за спречување корупција започна голем број истраги поврзани со корупција, вклучувајќи и истраги поврзани со високи официјaлни лица.

Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во Македонија за 2020 година објавен денеска од американскиот Стејт департмент.

Оттаму посочуваат на неколку перспективни области кои инвеститорите треба да ги набљудуваат во 2021 година.

-Амбасадата во 2020 детектираше дека информациско-комуникациските технологии е област во развој зрела за американски инвестиции бидејќи Владата неодамна се фокусираше на обезбедување подобра клима за технолошки развој. Географската положба е предност ако компаниите разгледуваат можност за блиско отварање производство (near-shoring), со што нивните производи се достапни за конзумација многу поблиску до Европа. Ова е посебно важно по намаленото производство во светот во 2020 поради пандемијата, се вели во извештајот.

Се укажува дека пандемијата на Ковид-19 изврши силен удар врз економијата на земјата и незината способност да прифати странски инвестиции.

-Иако напорите на Владата да го пренасочи производството за најпотребни стоки и да ги контролира цените од почетокот на пандемијата завршија, ограничувањата на движењето на луѓето и значајното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги намалија услугите за отварање бизнис, се наведува во извештајот.

Поврзани новости