Стејт департментот не му ги дава честитките од странските лидери на Бајден

by fokus 17:05
17:05

Во Стејт департментот пристигнале многу пораки и честитки за новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, но администрацијата на актуелниот претседател Доналд Трамп го блокира пристапот до нив, велат добро информирани официјални лица во американското Министерство за надворешни работи, јави Си Ен Ен.

Традиционално, Стејт Департментот ги поддржува сите комуникации на новоизбраниот претседател, поради што многу земји започнаа да испраќаат пораки до Стејт Департментот за време на викендот.

- Advertisements -

Но, со оглед на тоа дека администрацијата на Трамп му го забранува пристапот на Бајден до државните ресурси затоа што Доналд Трамп одбива да ја прифати неговата победа, десетици нови пораки сè уште не се доставени до вистинскиот примател.

Тимот на Бајден бил во контакт со странски влади без вклучување на Стејт департментот, а тој веќе имал неколку телефонски разговори со светските лидери, вклучувајќи ги германската канцеларка Ангела Меркел и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Меѓутоа, тие работат без логистичка и преведувачка поддршка, која ја обезбедува оперативниот центар на Стејт департментот.

Поврзани новости