Стејт департмент: Одлуката на Иванов ќе оневозможи правда за македонскиот народ

by Фокус

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување, реагираат денеска од Стејт департментот на одлуката на Иванов.

-Доколку биде применета оваа одлука таа ќе ги заштити корумпираните функционери и ќе оневозможи правда за народот на Македонија. Таа дополнително ќе го поткопа владеењето на правото, интегритетот на судските институции и кредибилитетот на посветеноста на  лидерите на темелните вредности на НАТО и ЕУ“, се вели во изјавата на претставникот на Стејт департментот, Џон Кирби.

САД го повикаа Иванов  да ја преиспита оваа одлука и да дозволи Специјалното обвинителство, востановено како дел од договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владини злоупотреби и да им дозволи на судовите да ја исполнат својата работа.

Поврзани новости