Стефанова: Јанева им остави простор на обвинетите да не дискредитираат

by fokus

Без разлика на пресудата што ќе ја донесе судечкиот совет за поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева му нанесе сериозна штета на Специјалното јавно обвинителство, а предизвика и разочараност кај цела правдољубива јавност во државата, порача обвинителката Лиле Стефанова која го водеше предметот „Империја“ и денеска се појави како сведок во случајот „Рекет“ во кој е обвинета токму Јанева.

-Од друга страна им остави простор на осомничени и обвинети лица во предмети на СЈО, неосновано да ги дискредитираат и јавните обвинители и предметите се со цел да ја намалат, а и да ја избегнат кривичната одговорност која во тие предмети им се става на товар. За жал, уште еднаш се покажа дека ако сте лице кое има политичка, општествена или економска моќ тоа наоѓа начин пред се преку вршителите на фунции во правосудсниот систем да си ја олесни својата положба во кривичната постапка  и да преговара и да договара да избегне кривична одговорност. Во овој случај системот релативно брзо реагираше се надевам дека во иднина сите вакви случаи ќе бидат санкционирани, изјави Стефанова.

Според неа, јавноста имала доволно време и доволно инфорамции за да сфати дека ниту јас, ниту истражител вработен во СЈО имаме било каква поврзаност со случајот „Рекет“.  Таа вели дека до 2019 година предметите на СЈО требало да имаат завршница и се надева дека оваа година за сите предмети кои се префрлени во Јавно обвинителство ќе има јавнообвинителска одлука.

Таа потврди дека во 2017 сакала да излезе од тимот од лични причини. Стефанова тврди дека „Империја“, истрагата која е отворена против бизнисменот Орце Камчев, добива забрзано темпо и дека емисарите кои ги спомена во својот исказ, веќе не се јавувале.

Поврзани новости