По пет часа заврши исказот кој обвинителката Лиле Стефанова го даде денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Толку траеше сведочењето на Стефанова за случајот „Рекет“, во кој е вмешана специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

По исказот Стефанова одби да даде изјава за медиумите и рече дека се што имала да сподели со јавноста веќе споделила.

Во врска со реакцијата на бизнисменот Ванчо Чифлигнец, кој откако беше објавена првата аудио снимка негираше дека посредувал за запирање на истрагата за предметот „Империја“, Стефанова само кусо рече:

-Никој мене не ме демантирал, Чифлиганец мене не ме демантирал – рече таа.

Претходно во соопштение до медиумите обвинителката посочи дека во август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обиделе да извршат влијание врз предистрагата, користејќи го нејзиното познанство со Чифлиганец.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.