Стефан Богоев: Ќе го укинеме екстерното тестирање и ќе ги задржиме младите во Македонија

by Fokus 09:07
09:07

На Македонија и е потребно  модерно и функционално образование, учениците да добијат знаење и квалитет, наставниците да  бидат издигнати на пиедесталот во општеството, вели во интервју за Фактор, пратеникот Стефан Богоев, претседател на Социјал-демократската младина.

– Грешките направени преку брзи и непродуктивни  реформи ќе се решаваат етапно и системски, преку дебата со сите засегнати страни  кои со свои предлози и идеи ќе бидат дел од креаторите за создавање на  најдобар образовен модел за Република Македонија, Првиот чекор е преку наоѓање на законска рамка за укинување на најкритикуваната образовна реформа-екстерното тестирање. Поднесовме закон за укинување на екстерното тестирање и бидејќи не е комплексна материја законот е поднесен во скратена постапка. Дека ќе го укинеме екстерното и Кембриџ – тоа мислам дека сите го знаат, но целта е уште оваа година да се спаси една генерација ученици, да се спасат и наставниците од екстерното – вели Богоев.

- Advertisements -

Поврзани новости