Стечајци свикани в полиција оти најавиле протест

by fokus

По најавата дека утре ќе ја блокираат наплатната рампа Романовце на автопатот Куманово-Скопје во знак на протест, стечајката Лилјана Георгиевска и координаторот Али Османи, вчера биле повикана во полициската станица во Куманово, јави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Таму биле опоменати дека ако излезат да протестираат на автопатот го кршат законот и за тоа ќе одговараат. Освен тоа им дале да потпишат и некој документ дека се опоменати, но не им дале примерок од него.

Сепак, стечајката Георгиевска вели оти нема да се откаже и најави оти утре од 9 до 12 часот ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово, а потоа пеш по автопатот ќе продолжат до наплатната рампа Романовце. Стечајците бараат да се реши нивниот статус, да добијат обештетување и месечен паричен надомест до нивно пензионирање или повторно вработување.

Поврзани новости