Стечајци од Куманово ќе го поддржат референдумот

by fokus

Членовите и раководството на здружението на стечајци „УНИТ“, донеле став да излезат на  референдумот и во недела да гласаат „Зa“, информираше на денешната прес конференција, Лилјана Георгиевска од УНИТ.

– Ова не е новина и претходно за избори сме носеле вакви одлуки. Не гласаме за СДСМ, туку сметаме дека сите треба да живеат подобро во државата, а не да ја имаат нашата судбина, талкајќи по улиците, барајќи си ги своите права, рече Георгиевсска.

Воедно, таа денеска ги информираше стечајците кои досега не се опфатени во законот да не се обесхрабруваат, бидејќи поднесени се амандмани со кои ќе бидат опфатени и фирмите кои имаат променети матични броеви.

– Дадовме предлози и има волја од надлежните и се зависи од буџетот, но сметам дека ќе бидат опфатени и оние стечајци кои доаѓаат од овие фирми со променети матични броеви, тука е застојот, но се надевам дека ќе успееме, ако не до 20 октомври, тогаш со ребалансот на буџетот, изјави Георгивеска.

Здружението „Унит“, нагласи, Георгиевска ќе продолжи да бара од надлежните институции, промени, амандмани се додека не биде обештетен и последниот стечаец.

На ниво на Македонија досега, според податоците на здружението, паричен надоместок користат 6.500 стечајци, од Куманово 600, а доколку бидат опфатени и оние фирми со променети матични броеви, се очекува околу 1.600 стечајци на ниво на државата дополнително да бидат опфатени со законот за обештетување на стечајците.

Поврзани новости