Стармер: Мора веднаш да реагираме во случај на мировен договор во Украина

by Fokus

Британскиот премиер Кир Стармер изјави денеска дека е важно Британија и нејзините сојузници веднаш да реагираат доколку се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина, пренесува Ројтерс.

„Работиме брзо бидејќи не знаеме дали ќе има договор. Секако се надевам дека ќе има, но доколку има договор навистина е важно веднаш да реагираме“, заклучи тој.

Неговите коментари, дадени за време на посетата на постројката за нуклеарна подморница, доаѓаат на ден кога воените лидери од десетици земји се состануваат во Велика Британија за да разговараат за планирањето на можните мировни сили во Украина. „Нашите планови се фокусираат на одржување на безбедноста на небото, морињата и границите на Украина и работа со Украинците“, изјави Стармер за новинарите.

Поврзани новости