Стариот Програмски совет на МРТ бира нов директор

by Фокус

Програмскиот совет на МРТ за утре закажа седница на која на дневен ред е и одлука за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис, објави „360 степени“, истакнувајќи дека, според правните експерти, тоа би било спорно од законски аспект.

-Одредбата е јасна. Прво да се изберат органите, па директорите. Ним по сила на закон им е продолжен мандатот. Не може да бираат нов директор кога на постоечкиот му е врзан мандатот со мандатот на Програмскиот совет. Тие имаат мандат до избор на нов Програмски совет, којшто ќе распише оглас за избор на нов директор. Законодавецот тогаш по сила на закон им го продолжил мандатот се до нов избор – вели професорот од правниот факултет Борче Давитковски.

Претседателката на Програмскиот совет на МРТ, Смилка Јанеска-Саркањац, не сакала да коментира како Советот би можел да распише конкурс, со оглед на одредбите во законот со кој се регулира изборот на раководните органи на МРТ, додека актуелниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, предупредува дека евентуален избор на негов наследник, пред Собранието да го изгласа новиот состав на Програмскиот совет, може да има негативни последици врз работата на јавниот сервис.

Поврзани новости