Старец претепан до смрт по караница за случајот „Титаник“

by Фокус

80-годишен старец вчера бил претепан до смрт во бизарна расправија за политика во мариовското село Маково, пренесува „Мета“.

По неколку испиени чашки ракија, тој и 53-годишен соселанец и поранешен осуденик почнале да се расправаат оти старецот ја пофалил работата на Јанева и изразил задоволство од гонењето на Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Потоа соговорникот му се нафрлил и го претепал до смрт. Во битолската болница бил однесен жив, но набргу им подлегнал на повредите. Полицијата го привела осомничениот.

Поврзани новости