„Старбакс“ стана „Старс кафе“ во Русија

by fokus

Откако „Старбакс“ целосно се повлече од рускиот пазар, вчера во Москва започна со работа домашниот ланец на кафулиња „Старс кафе“ кој треба да претставува замена за познатата американска компанија.

Според новиот сопственик на ланецот кафулиња Тимур Јунусов, следната недела ќе бидат отворени уште 10 кафулиња, а до крајот на септември ќе има вкупно 130 кафулиња.

Повеќето од кафулињата, 90 од 130 ќе даваат услуги во Москва, околу 15 во вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург, а останатите во другите региони.

Кон крајот на јули, руските бизнисмени Тимур Јунусов и Антон Пински го купија синџирот „Старбакс“, откако американските сопственици донесоа одлука да го напуштат пазарот поради руско-украинската војна што започна на 24 февруари.

Јунусов познат како раперот Тимати е гласен поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, како и пријател на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Поврзани новости