Стара краво, имај срам- Македонки со навреди до Лепа Брена за рекламата за нејзините чорапи

by fokus

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена, која ја лансираше својата модна линија на женски чорапи кои ги кријат несовршеностите, а за кои вели и дека се идеални за долго стоење, се најде на мета на навреди од страна на Македонци кои ја следат нејзината официјална страница.

Имено, откако вчера ги промовираше чорапите, таа објави фотографија на која ги рекламира истите, позирајќи со две девојки, млади модели.

Набргу по објавата доби стотици комплименти и пофалби за изгледот од следбеници од целиот Балкан, но и навреди од страна на Македонци, кои не издржале, а да не и се обратат јавно.

Критиките најчесто доаѓаат од жени, кои на пејачката и порачуваат дека не и личи на годините да позира во провокативни пози.

-Младите ги личи, ама Брена стара крава, не бива до толку, барем малку срам имај! – е една од навредите адресирана до Брена.

Голем е бројот и на коментари во кои пејачката ја обвинуваат дека претерала со фотошоп и пластика.

Инаку, Брена наредниот месец ќе наполни 62 години. На естрадата е присутна околу четири децении, а кога прв пат се појави во јавност, најмногу го привлече вниманието со долгите нозе и извајаното тело.

На вчерашната промоција на колекцијата чорапи, таа откри дека токму навредите на сметка на изгледот кои ги добивале жените повозрасни од 50 години, и биле мотив да се посвети на линијата на чорапи со кои ќе се скријат сите недостатоци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости