Стапката на невработеност во Франција се спушти на 8,5 отсто

by fokus

Стапката на невработеност во Франција го достигна најниското ниво од 2009 година, откако во вториот квартал од годината се намали за 0,2 индексни поени, соопшти Националниот институт за економски и статистички студии -ИНСЕЕ.

Министерката за труд  Муриел Пеницико го поздрави овој резултат, притоа потенцирајќи дека битката за вработување продолжува“, јавува дописникот на МИА.

Стапката на невработеност опадна за 0,2 поени во вториот квартал на 8,5 отсто од работната сила во Франција (со исклучок на островот Мајот). Ова намалување ја донесе Франција на најниско ниво од почетокот на 2009 година, покажуваат податоците објавени од ИНСЕЕ. Во европскиот дел на Франција има вкупно 2,52 милиона невработени.

Само во европскиот дел на Франција стапката паѓа за 0,2 поени во текот на едно тримесечие или 66.000 помалку неврабогтени.

Овој пад влијаеше врз сите возрасни групи на невработени, и е повидлив кај младите на возраст од 15-24 години, каде стапката на невработеност опадна за 0,6 поени, на 18,6 отсто. Падот останува помалку изразен кај возрасната група 25-49 години и кај луѓето над 50 години, каде е 0,2 отсто во текот на едно тимесечие.

Во меѓувреме, долгорочната невработеност останува стабилна на 3,2 отсто од активното население, што претставува намалување само за 0,1 поен за едно тримесечие и 0,4 поени за една година. Имено 900.000 лица велат дека бараат работа барем една година.

Овие резултати покажуваат и зголемување од 0,2 процентен поен во стапката на вработеност со полно работно време, што изнесува 54,7 отсто во однос на 54,5 отсто во претходното тримесечие. Стапките на вработеност остануваат стабилни за сите видови договори, без разлика дали се постојани договори (49,7 отсто), договори на определено време или привремени договори (7,6 отсто  или други форми на вработување (8,8 отсто).

Поврзани новости