Стамов: На ВМРО-ДПМНЕ му треба будење, нова енергија за нови победи

by fokus 12:53
12:53

Иницијативниот одбор за оддржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше промоција на мотото под кое ќе се одржи конгресот, „Сплотени во победа“.

-На ВМРО-ДПМНЕ му треба будење и консолидирање, му треба соочување со грешките и реалноста. На ВМРО-ДПМНЕ му треба нова енергија која ќе го поведе во нови победи, рече Борче Стамов.

- Advertisements -

Тој истакна дека не им е сеедно кога треба да дискутираат зошто ги изгубиле и претседателките и парламентарните избори.

-За претседателските избори раководството не убедуваше дека жена ќе биде, иако никој во Гордана Силјановска не препознаваше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. За парламентарните, раководството не убедуваше дека победата ќе биде убедлива, со повеќе од десет пратеници разлика, видовме дека тоа биле пусти лаги и наместо победа доживеавме уште еден пораз, истакна Стамов.

Поврзани новости